Tурската полиција го идентификуваше наводниот организатор на нападот во Мерсин

25/08/2008

AНКАРА, Турција -- Полицијата во неделата (24-ти август) го потврди идентитетот на мажот кој, наводно, го извршил бомбашкиот напад во Мерсин на 19-ти август и рани 13 полицајци. Осомничениот, идентификуван како Муслум Гунесоглу (28), наводно, имал врски со терористичката група Курдистански соколи на слободата.

Во меѓувреме, СНН Турк објави дека група членови на терористичката Курдистанска работничка партија извршила напад на полициска станица со базуки доцна во саботата во југоисточната провинција Сиирт. Властите не објавија извештаи за евентуални жртви. (Tркиш дејли њус - 25/08/08; СНН Турк, Хуријет - 24/08/08)