Шешељ бара два месеци за да одлучи за одбраната во Хаг

25/08/2008

ХАГ, Холандија -- Воислав Шешељ бара два месеци за да одлучи како ќе ја спроведе својата одбрана во Хашкиот трибунал за воени злосторства, рече неговиот правен советник Зоран Красиќ, на прес-конференцијата во неделата (24-ти август). Трибуналот на ОН инсистира на назначување на официјален адвокат за Шешељ, кој ја одби понудата. „Ако на судот му требаа два месеци да го напише ова барање, тогаш и на Шешељ му требаат два месеци за да одговори“, рече Красиќ. Според него, предсудската истрага прекршила 78 човекови права на Шешељ. Водачот на Српската радикална партија се соочува со обвиненија за поттикнување национализам и етничко чистење во поранешна Југославија во раните 1990-ти, заедно со убиства, тортура, затворање и депортација. (Глас јавности - 25/08/08; Taнјуг, РТС - 24/08/08)