25/08/2008
СОФИЈА, Бугарија -- Надворешни експерти ќе ги советуваат клучните институции за распределбата на средствата на ЕУ, објави во неделата (24-ти август) вицепремиерката Меглена Плугчиева. Ова вклучува нов реструктуиран патен фонд, агенција за исплати при министерствата за финансии и земјоделство и министерството за правда. Друга мерка што се подготвува е црна листа со која ќе им се забрани на луѓето и претпријатијата да аплицираат за средствата на ЕУ ако направиле прекршок во минатото. Минатата недела бугарските власти се состанаа со шефот на Канцеларијата против измама на ЕУ (ОЛАФ) во посета на земјата, Франц-Херман Брунер, кој потврди дека конкретните резултати се од суштинска важност во борбата против корупцијата и организираниот криминал, како и посилните контроли над распределувањето на средства на ЕУ. (БГНЕС - 25/08/08; БНР, Нетинфо - 24/08/08)