Рен вели дека Турција треба да ги интензивира реформите

25/08/2008

БРИСЕЛ, Белгија -- Комесарот за проширување на ЕУ, Оли Рен, во натписот објавен во Милијет во понеделникот (25-ти август) вели дека ги поздравува повиците во Турција за модернизација на земјата преку зајакнување на реформите поврзани со членството во ЕУ. Рен рече дека овие реформи се, исто така, неопходни за надминување на политичката криза која секоја година й одзема многу енергија на Турција. Тој, сепак, истакна дека и покрај повиците на Европската комисија, Турција не прави ништи за измена на својот закон за политичките партии и другата легислатива. Тој изрази надеж дека усвојувањето национална програма за реформи со цел членство во ЕУ ќе го забрза спроведувањето на ваквите мерки. Рен, исто така, истакна дека реформскиот процес за ЕУ има широк опсег и вклучува многу прашања, како што се односите помеѓу армијата и граѓанското општество, судството, правата на жените и слободата на изразувањето. (Mилијет - 25/08/08)