Медиумите објавија: железничките прагови во Албанија се канцерогени

22/08/2008

ТИРАНА, Албанија -- Околу 30.000 дрвени железнички прагови поставени во Албанија во текот на изминатите неколку години се канцерогени, според извештаите на италијанските медиуми од средата (20-ти јуни). Извештаите објавуваат дека Италија на домашен терен почнала да ги заменува бетонските прагови со дрвени поради потенцијалната канцерогена содржина на градежното дрво. Таа наводно й го продала контаминираниот материјал на Албанија по ниска цена со договорот потпишан помеѓу двете земји во 2002 година. (Балканвеб, Топ ченал, Шекули - 20/08/08)