Србија ја прекина приватизацијата на спорниот имот на поранешните југословенски држави

22/08/2008

БЕЛГРАД, Србијa -- Агенцијата за приватизација во четвртокот (21-ви август) објави дека ја прекинува приватизацијата на спорниот имот што им припаѓа на поранешните југословенски држави. „Одлуката за понатамошните чекори во врска со овие претпријатија ќе биде донесена откако ќе бидат консултирани експерти за наследството на поранешна Југославија“, објаснува агенцијата. Овој потег уследи по официјалниот протест на Босна и Херцеговина (БиХ), која тврди дека 150 фирми од БиХ сé уште имаат имот во Србија, во висина од една милијарда евра. БиХ се закани дека ќе го изнесе прашањето пред меѓународен суд. Претходно оваа година Белград ги разлути поранешните југословенски држави усвојувајќи амандман на законот за приватизација кој дозволува продажба на имотот на претпријатијата со седиште во Словенија, Хрватска, Црна Гора, Македонија и БиХ. Агенцијата предложи тендер за 15 фирми од БиХ во јуни. (Бета, Блиц - 21/08/08)