22/08/2008
САРАЕВО, Босна и Херцеговина (БиХ) -- Високиот претставник Мирослав Лајчак и премиерот на БиХ Никола Шпириќ во четвртокот (21-ви август) се согласија дека земјата треба да вложи максимални напори за обезбедување позитивна оценка за својот напредок кон ЕУ во следниот извештај на Европската комисија (ЕК), кој се очекува во ноември. На состанокот во Сараево Лајчак му рече на Шпириќ дека за време на состанокот овој викенд на водачите на шесте најголеми политички партии во земјата, тој ќе се обиде да обезбеди нивна решеност да се изнајде законско решение за проблемот со државниот имот. Лајчак додаде дека формирањето Фискален совет би било во интерес на сите и ќе го олесни буџетското планирање. (РТРС, СРНА, ОХР - 21/08/08)