22/08/2008
ИСТАНБУЛ, Турција -- Националниот совет за безбедност (ГМК) ја одржа својата редовна двомесечна седница во четвртокот (21-ви август) во Истанбул, и разговараше за актуелните безбедносни прашања што ја засегаат Турција. Неодамнешните терористички активности и конфликтот помеѓу Русија и Грузија во регионот на Кавказот беа главни точки на агендата на состанокот. Во изјавата по состанокот, генералниот секретар на ГМК рече дека Турција решително ќе продолжи со своите антитерористички напори. Советот, исто така, ги разгледа последиците од конфликтот во Јужна Осетија по регионот и евентуалните мерки за спречување на слични конфликти. Ова беше последен ваков состанок за началникот на турскиот Генералштаб, генерал Јашар Бујуканит, кој се пензионира на 31-ви август. (Заман - 22/08/08; Aраб монитор - 21/08/08)