Малта ја призна независноста на Косово

22/08/2008

ПРИШТИНА, Косово -- Малта во четвртокот (21-ви август) објави дека ја признава независноста на Косово и испрати писмо со потврда до косовскиот претседател Фатмир Сејдиу и премиерот Хашим Тачи. Во писмото се вели дека со овој чин, Малта им се придружува на европските земји и Запад во одлуката дека нема друга алтернатива, имајќи ги предвид настаните во Косово во текот на изминатата деценија. Вкупно 45 земји ја признаа независноста на Косово досега, вклучително и Соединетите Држави и 20 од 27-те членки на ЕУ.

Во меѓувреме, Австрија во четвртокот се проклучи на листата земји кои ќе ги прифатат новите косовски пасоши. Откако ќе ги види новите документи за лична идентификација, амбасадата на Виена во Приштина ќе може им издава визи на оние што патуваат во Австрија. (AФП, Косовапрес, РТС, Коха вижн, РТК, Блиц, Бета - 21/08/08)