22/08/2008
НИКОЗИЈА, Кипар -- Никозија ќе ја ревидира својата позиција за изгледите на Турција за влез во ЕУ ако Анкара ја промени својата тактика во однос на кипарското прашање, рече во четвтокот (21-ви август) министерот за надворешни работи, Маркос Кипријану. Тој додаде дека решавањето на долготрајниот спор помеѓу грчката и кипарската заедница за поделениот остров е еден предуслов што ЕУ го постави за да й дозволи на Турција да й се приклучи. Турција одбива да ја признае Република Кипар, членка на ЕУ, и не дава дозвола за влез на кипарски бродови и авиони на нејзините пристаниште и аеродроми. (Фамагуста газете - 22/08/08; Филелефтерос - 21/08/08)