22/08/2008
БЕЛГРАД, Србија -- Владата во средата (20-ти август) го одобри предлогот на министерот за економија, Млаѓан Динкиќ, за измена на законот за антикорупциската комисија и задолжителна изјава на сите државни службеници за нивната имотна состојба, како и за сé што ќе го добијат за користење од државата. Динкиќ, исто така, инсистираше на тоа јавно да се објавуваат овие изјави за имотната состојба. Неговото министерство подготви предлог откако медиумите обелоденија дека некои поранешни министри и понатаму ги користат државните станови и друг имот. Според сегашниот закон, властите мора да й дадат информации за имотот на Комисијата за спречување судири на интереси, но тие не мора да ја обелоденат јавно оваа информација. Обврската не го вклучува имотот добиен од државата на користење на почетокот од нивниот мандат. Динкиќ се надева дека овој потег ќе помогне да се ограничи корупцијата и злоупотребата во државната администрација. (Блиц, Бета, Прес онлајн, РТВ - 21/08/08)