Српските опозициски партии ДСС и СРС се согласија да соработуваат

22/08/2008

БЕЛГРАД, Србија -- Двете најголеми опозициски партии -- Српската радикална партија (СРС) и Српската демократска партија (ДСС) -- постигнаа принципиелен договор за соработка во парламентот, изјави портпаролот на ДСС Андреја Младеновиќ за Б92 во четвртокот (21-ви август). Тој додаде дека водачите на двете партии ќе одржат финални разговори. Младеновиќ објасни дека партиите ќе се обидат да ги координираат позициите за одредени предлог-закони и амандмани и да излезат со заеднички предлози и иницијативи. Парламентот продолжува со работа на 3-ти септември, со две важни задачи пред себе -- ратификацијата на Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ и усвојувањето на стратешкиот договор за енергетска соработка со Русија. (Б92 - 21/08/08)