Хашкиот трибунал го дозволи состанокот Караџиќ-Крајишник

21/08/2008

ХАГ, Холандија -- Трибуналот на ОН за воени злосторства се согласи да го дозволи состанокот помеѓу поранешниот водач на босанските Срби Радован Караџиќ и поранешниот политичар на босанските Срби Момчило Крајишник во затворот во Шевенинген, објави во средата (20-ти август) весникот Дневни аваз. Крајишник сака да разговара со Караџиќ за негово свикување како сведок во рочиштето по неговата жалба, објави весникот. Крајишник има рок до 15-ти септември да поднесе жалба на пресудата и самиот ќе се брани. Тој доби 27 години затвор во 2006 година, по обвиненијата за злосторства против човештвото, убиства и прогон на цивили за време на конфликтот во периодот 1992-1995 година во Босна и Херцеговина. (Нетпрес, Дневни аваз - 20/08/08)