21/08/2008
БЕЛГРАД, Србија -- Портпаролката на белградскиот Специјален суд, Маја Ковачевиќ-Томиќ, во средата (20-ти август) објави дека Вјерица Радета и Петар Јојиќ, членови на Српската радикална партија (СРС), го посетија Милорад Улемек - Легија во затвор. Тој е осуден за организирање на атентатот врз премиерот Зоран Ѓинѓиќ во 2003 година. Ковачевиќ-Томиќ рече дека судот го одобрил состанокот бидејќи се однесувал на одбраната на водачот на СРС Воислав Шешељ во неговото судење во Хаг. Улемек, поранешен командант на Единицата за специјални операции, доби затворска казна во траење од 40 години за убиството на Ѓинѓиќ и други кривични дела. (РТС, Б92, Блиц -20/08/08)