21/08/2008
БЕЛГРАД, Србија -- Адвокатот на Миладин Ковачевиќ, 20-годишното момче кое го бараат Соединетите Држави поради наводното претепување на негов колега на Универзитетот Бингхамтон во мај, во средата (20-ти август) рече дека Србија се обидела да го убеди Ковачевиќ да се врати во Њујорк и да се соочи со обвиненијата за физички напад. Ковачевиќ избега од Соединетите Држави со дупликат пасош, издаден од страна на Српскиот конзулат како замена за оригиналниот документ кој американските власти му го одзедоа по инцидентот. Автокатот Веселин Церовиќ вели дека Ковачевиќ одбил да се врати во Соединетите Држави и покрај бројните обиди на српските власти да го убедат. Церовиќ, исто така, вели дека Ковачевиќ ја отфрлил и понудата за спогодба, во која обвинителите му предлагаат 12 години затворска казна ако се изјасни за виновен. Претепаната жртва сé уште е во кома. (Блиц - 21/08/08; AП, Фоксњус, Б92 - 20/08/08)