Романскиот и украинскиот водач велат дека се потребни нови мировни механизми во Грузија

21/08/2008

КИЕВ, Украина -- Романскиот претседател Трајан Башеску во средата (20-ти август) се состана со украинскиот колега, Виктор Јушченко, во Киев, на разговори во врска со ситуацијата во Грузија и меѓународните настани во врска со овој конфликт. Јушченко рече дека превирањата во регионот им наштетиле на меѓународните односи и взаемната доверба, кои беа градени со години. „Мораме да сториме сé што е потребно за да спречиме [да се случи] вакво сценарио во случаите со другите замрзнати конфликти. Мора сите да прогласиме дека нема да прифатиме воено сценарио“, рече Јушченко. Башеску се согласи, додавајќи „Има ризик порано или подоцна овие [проблеми] да се трансформираат во регионални конфликти“. Двајцата водачи рекоа дека руските мировници моментно распоредени во Јужна Осетија и Абхазија треба да им дадат простор на војниците под мандат на ЕУ или ОБСЕ. (Евениментул Зилеи, Униан, Романија Либера - 21/08/08; Ксинхуа, АПА, Ројтерс - 20/08/08)