Обвинителот на Хашкиот трибунал бара подолга затворска казна за Милутиновиќ

21/08/2008

ХАГ, Холандија -- Обвинителот на Трибуналот на ОН за воени злосторства, Томас Ханис, во средата (20-ти август) побара затворска казна од 20 години до доживотен затвор во своето завршно обраќање пред Трибуналот за шест поранешни високи српски функционери, вклучително и поранешниот претседател Милан Милутиновиќ. Милутиновиќ, кој беше претседател од 1997 до 2002 година, и другите обвинети со него, наводно, извршиле воени злосторства за време на косовскиот конфликт во периодот 1998-1999 година. Сите инсистираат на тоа дека се невини. (Maкфакс, БТА, Балканвеб, Бета, Б92 - 21/08/08)