21/08/2008
TИРАНА, Албанија -- Министерот за внатрешни работи, Бујар Нишани, во средата (20-ти август) побара продолжување на мораториумот за моторните чамци долж албанскиот брег, за борба против трговијата со дрога и луѓе за Италија и Грција. Суспензијата започна пред две години и, ако не биде продолжена, ќе истече во октомври. Мораториумот ги исклучува странските моторни чамци. „Овие мерки даваат одлични резултати, носејќи ја на нулта ниво нелегалната трговија во изминатите две години“, рече Нишани. Критичарите тврдат дека мораториумот му штети на туризмот и рибарската индустрија. (Шкип, Шекули, Балканвеб - 20/08/08)