21/08/2008
ДРАЧ, Албанија -- Процесот на уништување на околу 1.300 тони несакана муниција во воената база во Драч, заврши во средата (20-ти август), по два месеци работа. Министерот за одбрана, Газменд Окета, го надгледуваше процесот. На 15-ти март огромна експлозија на муниција во Гердец уби 24 лица, повреди 300 и уништи многу домови. Оттогаш НАТО спроведува специјална програма за обука на албанската војска за уништување на стара муниција и опрема наследена од комунистичкиот режим. (Шекули, Топ ченал, Панорама - 20/08/08)