21/08/2008
AТИНА, Грција -- Полицијата во вторникот (19-ти август) уапси маж за кој постои сомневање дека го организирал бегството на двајца затвореници од најчуваниот затвор во земјата пред две години. Двајцата избегаа од затворот Коридалос во близина на Атина во јуни 2006 година, откако нивните помошници изнајмиле хеликоптер и му се заканиле на неговиот пилот со рачна граната, принудувајќи го да слета во дворот на затворот. Според извештаите на локалните медиуми, наводниот организатор е 27-годишен маж уапсен во западниот град Агринио. Полицијата, исто така, фати еден од избеганите, албанскиот државјанин Алкет Ризаи. Другиот, Василис Палеокостас, и понатаму е на слобода. Според некои извештаи, Палеокостас бил вмешан во неодамнешното киднапирање на познатиот бизнисмен Јоргос Милонас, кого киднаперите го ослободија откако плати 30 милиони евра откуп. (Aпогевматини, Катимерини, Агелиофорос, Елефтерос типос, Та Неа - 21/08/08; AП - 20/08/08; РИА Новости - 19/08/08)