Турција го засили лобирањето за место во Советот за безбедност на ОН

21/08/2008

AНКАРА, Турција -- Владата ги засили своите напори на фронтот на надворешната политика, барајќи поддршка од африканските земји за добивање непостојано место во Советот за безбедност на ОН. Напорите се чини дека добија основа за време на турско-африканскиот самит за соработка, што се одржа во Истанбул оваа недела. „Африканските земји имаат силна поддршка за кандидатурата на Турција. Сите земји со кои се состанавме уште еднаш ја потврдија својата поддршка“, рече претседателот Абдула Ѓул во средата (20-ти август). Вкупно 42 шефови на држави имаа билатерални разговори во рамките на самитот. На Турција й се потребни гласовите на 128 од 192 земји-членки на ОН, 53 се од Африка.

Во другите вести од средата, Турција им дозволи на американските воени бродови со хуманитарна помош за Грузија да поминат низ нејзините територијални води во Црното Море. Американскиот Стејт департмент вели дека вкупно три брода полни со хуманитарна помош ќе добијат турски транзитни права за првата хуманитарна мисија на САД по море, од почетокот на конфликтот со Русија претходно овој месец. (Заман, Интерфакс, Хуријет, АФП, СНН - 20/08/08)