21/08/2008
AНКАРА, Турција -- Најмалку 16 луѓе, меѓу кои и седум полицајци, беа повредени од автомобил-бомба во западната провинција Измир рано во четвртокот (21-ви август). Далечински управувач ја активирал бомбата, скриена во паркиран автомобил, додека минувале два автобуси со војници и полицајци. Полицијата ја опколи областа и го испитува инцидентот. (Заман, Хуријет, АФП, Ројтерс, АП, НТВ, новинска агенција Анадолу - 21/08/08)