Караџиќ побара од Трибуналот на ОН да ги замени судиите во неговото судење

20/08/2008

ХАГ, Холандија -- Поранешниот водач на босанските Срби Радован Караџиќ во вторникот (19-ти август) побара од Хашкиот трибунал за воени злосторства да ги смени судиите што ја следеа подготвителната фаза на неговото судење. Според Караџиќ, судијата кој претседаваше со рочиштето, Алфонс Ори, има „личен интерес“ во неговото судење, од неговата вклученост во некои претходни судења. Караџиќ, кого полицијата го уапси во јули, по 11 години во бегство, наведува некои случаи, вклучително и тој на поранешниот претседател на парламентот на Република Српска, Момчило Краишник, кој доби, како што ја нарече Караџиќ, „драконска“ казна од 27 години затвор. Караџиќ, исто така, побара изземање и на другите судии во комисијата на Ори. (Ројтерс, Танјуг, Б92 - 19/08/08)