Ѓул го помилува болниот поранешен премиер Ербакан

20/08/2008

AНКАРА, Турција -- Претседателот Абдула Ѓул во вторникот (19-ти август) го помилува поранешниот исламски премиер Неџметин Ербакан, кој одлежуваше затворска казна од две и пол години, за финансиска злоупотреба. Ѓул ја заснова својата одлука на здравствените проблеми со кои се соочува 81-годишниот Ербакан, кој ја одлежуваше казната во домашен притвор, наместо во затвор. Тој беше осуден за злоупотреба на пари што й припаѓале на неговата Партија на благосостојбата, која судот подоцна ја укина. На крајот од минатиот месец поранешниот водач на кипарските Турци, Рауф Денкташ, побара помилување за време на состанокот во Никозија со Мустафа Исен, главен секретар на турскиот претседател. (Заман, Хуријет, Ватан, Чумхуријет, Радикал, Сабах - 20/08/08; AФП, ДПА, АП - 19/08/08)