Бан одговори на македонското писмо за малцинството во Грција

20/08/2008

СКОПЈЕ, Македонија -- Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, во вторникот (19-ти август) одговори на писмото на македонскиот премиер Никола Груевски, во кое тој бара од меѓународните институции да се вклучат во решавањето на проблемите со кои се соочува т.н. македонско малцинство во Грција. Во своето писмо Бан вели дека е свесен оти, најверојатно, има и други прашања што можат да бидат вклучени во агендата на разговорите помеѓу Скопје и Атина. Но, тој вели дека најпрво треба да биде решен спорот околу името, а со тоа ќе се отвори патот и за подобри односи. Бан изразува уверување дека претставникот на ОН во спорот, Метју Нимиц, ќе вложи максимални напори за изнаоѓање решение за спорот, кој се одолговлекува повеќе од 16 години. (Mакфакс, АНА-МПА, МРТ, Фокус - 19/08/08)