Турската влада го обелодени новиот патоказ во кандидатурата за ЕУ

20/08/2008

AНКАРА, Турција -- Владата се подготвува да й даде поттик на својата кандидатура за пристап во ЕУ со изработка на трета национална програма, објави вицепремиерот Џемил Чичек во понеделникот (18-ти август). Чичек рече дека документот ги дефинира обврските на владата во текот на следните четири години и предвидува 131 законска измена, вклучително и уставни амандмани. Законодавците сакаат со ревизиите да го подобрат функционирањето на судството и другите јавни институции. Владата го забави темпото на пристапот минатото лето поради политичките конфликти. Интересот на јавноста се намалува поради наводното одолговлекување на официјалните претставници на ЕУ. (Хуријет, Милијет, Тркиш прес - 19/08/08)