19/08/2008
СОФИЈА, Бугарија -- Полицијата во понеделникот (18-ти август) објави дека пронашла уште два тона канабис околу југозападниот град Благоевград, во близина на границата со Грција. Запленувањето се случило за време на широката полициска операција во повеќе села во областа на Благоевград, позната по нелегалното одгледување дрога. Властите велат дека канабисот бил пронајден на два имоти на еден сопственик. (AФП, Фокус, Нафтемборики 18/08/08)