Јеремиќ вели дека Србија не може да го екстрадира студентот што го бараат Соединетите Држави

19/08/2008

БЕЛГРАД, Србија -- Поранешниот министер за надворешни работи, Вук Јеремиќ, во понеделникот (18-ти август) рече дека одлуката на еден српски студент да избега во својата татковина откако наводно претепал друг студент, кој се наоѓа во кома, претставува негов „личен избор“. Миладин Ковачевиќ (20) одбива да се врати во Соединетите Држави за да му се суди за нападот на 4-ти мај, во кој Брајан Стајнхауер (22) се здоби со повеќекратни фрактури на черепот.

Според Јеремиќ, српските закони не дозволуваат екстрадиција на нејзините државјани. Српскиот весник Блиц во понеделникот објави дека сведоци го виделе Ковачевиќ како тренира со локалниот кошаркарски клуб КК Врбас. Ковачевиќ играше за Универзитетот во Бингхамтон во Њујорк, пред наводната расправија со Стајнхауер. (AП, Блиц, ДПА - 18/08/08)