19/08/2008
БЕЛГРАД, Србија -- Пензионираниот полковник на армијата на босанските Срби Јово Ѓого, обвинет член на мрежата за поддршка на бегалецот обвинет за воени злосторства Ратко Младиќ, почина рано во неделата (17-ти август) од рак на панкреасот. Опишан како организатор на мрежата за поддршка на Младиќ од страна на Вториот окружен суд во Белград, Ѓого ги негираше сите обвиненија. (Фонет, Б92, Наслови, Блиц - 18/08/08)