19/08/2008
ХАГ, Холандија -- Судењето на поранешниот српски претседател Милан Милутиновиќ влезе во својата последна фаза во Трибуналот на ОН за воени злосторства во вторникот (19-ти август), при што обвинителството и одбраната треба да започнат со своите завршни говори. Милутиновиќ и петмина други обвинети се соочуваат со обвиненија за вршење воени злосторства во Косово во првата половина од 1999 година. Според обвинението, Милутиновиќ и другите обвинети со него ги прогонувале Албанците на национална, верска и расна основа. Тие, исто така, наводно вршеле убиства, масовни депортации и други нехумани дејства врз цивилите. (Taнјуг, Б92, Бетa - 19/08/08)