14/08/2008
СОФИЈА, Бугарија -- Стотици сточари од цела Бугарија одржаа митинг пред Министерството за земјоделство во Софија во средата (13-ти август), заканувајќи се дека ќе ја однесат стоката во соседна Грција ако владата не ги исплати задоцнетите субвенции за млекото. Митингот беше кулминација на еднонеделните протести во многу делови од земјата, кои вклучуваа истурање на млеко на улиците и блокирање на патиштата. Демонстрантите велат дека носат 2.000 овци и 150 крави кон границата со Грција и дека ако биде потребно ќе се приклучат на бугарско-грчките синдикати за одгледување на стоката. Тие, исто така, бараа оставка од министерот за земјоделство, Валери Цветанов. (Ројтерс, БГНЕС, Нетинфо, БТА, Фокус, ИПС - 13/08/08)