ЕУ и ОН бараат формула за ЕУЛЕКС

14/08/2008

ПРИШТИНА, Косово -- Заменик високиот претставник на ОН и амбасадор во ОН, Карен Пирс, во средата (13-ти август) рече дека ЕУ и ОН работат на формула за распоредување на ЕУЛЕКС во Косово, каде што ќе преземе голем број должности на УНМИК. УНМИК објави намалување на персоналот од 70 отсто, претходно оваа недела.

Во Приштина, портпаролот на УНМИК, Александар Иванко, рече дека некои од овие намалувања ќе го опфатат и персоналот во северно Косово. Во претходните изјави се велеше дека реструктуирањето нема да влијае на областите населени претежно со српско население. (Коха Диторе, Лајм, Зери - 14/08/08; Teлеграфи, РТК - 13/08/08)