Сејдиу вели дека Косовските безбедносни сили ќе бидат елитна армија

14/08/2008

ПРИШТИНА, Косово -- Претседателот Фатмир Сејдиу ги опиша новите Косовски безбедносни сили (КСФ) како елитна армија на Косово во средата (13-ти август), по состанокот со шефот на расформираниот Косовскиот заштитен корпус (КЗК), Сулеман Селими. КЗК се очекува да има 2.500 активни членови и 800 резервисти. Додека КЗК беше официјално цивилна организација, новиот устав ги опишува КСФ како „национални безбедносни сили“.

Исто така во средата, претставници на албанската армија и на КФОР потпишаа договор за продолжување на заедничките погранични операции помеѓу Албанија и Косово. Тие потпишаа сличен договор и пред две години. (Зери, Експрес, Газета шкиптаре - 14/08/08; РТК, ТВ21, Балканвеб, Њус 24, Танјуг, Блиц - 13/08/08)