Високиот претставник Лајчак очекува консензус за стратегијата на БиХ во врска со ДСА

14/08/2008

САРАЕВО, Босна и Херцеговина (БиХ) -- Високиот претставник Мирослав Лајчак во средата (13-ти август) рече дека очекува партиските водачи во владејачката коалиција да го искористат својот состанок на 23-ти август за да изградат политички консензус во врска со стратегијата за БиХ. Лајчак, кој се состана со претседателот на Хрватската демократска заедница 1990, Божо Љубиќ, истакна дека барањата што произлегуваат од Договорот за стабилизација и асоцијација, како и условите и целите дефинирани од страна на Советот за спроведување на мирот за затворање на Канцеларијата на високиот претставник, резултирале со јасна агенда за следните месеци. Во последниве недели Лајчак се состана со водачите на сите шест владејачки партии на државно ниво, како и со главните опозициски партии, во обид да се постигне консензус кој ќе обезбеди побрзо усвојување на сите реформи поврзани со ЕУ. (РТРС, СРНА, Дневни аваз, Фена, ОХР - 13/08/08)