Црна Гора издаде меѓународна потерница за осомничениот за воени злосторства Стругар

14/08/2008

ПОДГОРИЦА, Црна Гора -- Полицијата издаде меѓународна потерница по генерал Предраг Стругар, кој наводно извршил воени злосторства врз цивили, објави портпаролот на полицијата Тамара Поповиќ во средата (13-ти август). На почетокот на овој месец полицијата издаде домашна потерница по Стругар, кој живее во Србија. Тој и седум други лица уапсени минатата недела се бараат за убиства на 23 етнички албански цивили во селото Калуѓерски Лаз, Црна Гора, за време на воздушните напади на НАТО од 1999 година. Негов татко е поранешниот генерал на Југословенската армија Павле Стругар, кого Хашкиот трибунал за воени злосторства го испрати в затвор за неговата улога во бомбардирањето на Дубровник во 1991 година. (РТС, РТЦГ - 13/08/08)