14/08/2008
БУКУРЕШТ, Романија -- Портпаролот на Европската комисија (ЕК), Мартин Селмаир, во средата (13-ти август) рече дека Романија не докажала дека е способна за борба против корупцијата на високо ниво, вклучително и случаите со поранешните и сегашните министри. Изјавата на Селмаир следеше откако пратениците во средата ја отфрлија истрагата против поранешниот премиер Адријан Настасе и поранешниот министер за транспорт, Мирон Митреа. Тие, наводно, биле вмешани во различни кривични дела, вклучително и мито. Според Селмаир, во извештајот на ЕК од јули е опфатена токму оваа ситуација -- попречувањето од страна на парламентот на борбата против корупцијата, наместо поддржување на истата. (Гандул - 14/08/08; Hotnews.ro, Њус Ин - 13/08/08)