14/08/2008
ЊУЈОРК, САД -- Проблемот со името е суштината на проблемот помеѓу Грција и Македонија и треба да биде фокус на разговорите, рече претставникот на ОН Метју Нимиц во средата (13-ти август), по одделните состаноци во Њујорк со претставниците на двете земји. Нимиц рече дека разговорите со македонскиот претставник Никола Димитров и грчкиот претставник Адамантиос Василакис биле тешки и конкретни и дека вклучувале нови идеи, како и варијации на оние за кои претходно беше дискутирано. „Отсекогаш мислам дека прашањето на името е решливо и дека ако се постигне договор за името, тоа ќе го отвори патот за решавање на многу други прашања“, рече Нимиц. Неодамна Скопје побара од Атина да ја признае Македонската православна црква. Во средата портпаролот на грчкото Министерство за надворешни работи, Јоргос Кумуцакос, рече дека тоа е „смешно“. (Mакфакс, Дневник, Нафтемборики, Елефтерос типос, Катимерини - 14/08/08; Нетпрес, Елефтеротипија - 13/08/08)