Експертска група не гледа напредок во либерализацијата на визниот режим помеѓу ЕУ и Балканот

13/08/2008

ТИРАНА, Албанија -- Либерализацијата на визниот режим помеѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан не напредува, се вели во извештајот на Европската служба за граѓанска акција, цитиран од албанските медиуми во средата (13-ти август). Неколку пречки во процесот им оневозможуваат на граѓаните да добијат виза како во минатото, се вели во извештајот, и се посочува дека овие земји треба да го спроведат договорот и да постигнат целосна либерализација. Албанија, Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина потпишале договор за визна либерализација со ЕУ во јануари. (Tоп ченал, Балканвеб, Газета шкиптаре, Шкип - 13/08/08)