Хрватска обвини шестмина поранешни полицајци за воени злосторства

13/08/2008

ЗАГРЕБ, Хрватска -- Окружниот суд Пожега во вторникот (12-ти август) обвини шестмина поранешни хрватски воени полицајци за воени злосторства врз српските цивили во близина на источниот град Пакрац, помеѓу ноември 1991 и февруари 1992 година. Дамир Куфнер и Давор Симиќ се соочуваат со обвиненија за кршење на меѓународните конвенции во нивните улоги на команданти во тоа време. Павле Ванкас, Томислав Полето, Жељко Тутиќ и Анте Ивезиќ, наводно, убиле 17 етнички Срби во импровизиран затвор во Рибњак. Сите обвинети се во притвор. (РТС, Фонет, РТРС, СРНА - 12/08/08)