13/08/2008
БЕЛГРАД, Србија -- Властите во вторникот (12-ти август) објавија дека пронашле напуштена торба за која се верува дека му припаѓа на поранешниот водач на босанските Срби, Радован Караџиќ. Тимот за соработка со Хашкиот трибунал за воени злосторства рече дека во торбата имало лаптоп, околу 55 цедеа, натписи од весници и две книги. Во изјавата властите додадоа дека вршат ДНК анализа за да утврдат дали предметите му припаѓаат на обвинетиот за воени злосторства. Адвокатот на Караџиќ за Бета изјави дека локацијата на торбата се совпаѓа со местото каде што полицијата го уапси Караџиќ во јули. (Данас, Политика - 13/08/08; Бета, Б92, Блиц, РТС, ДПА, РТРС, СРНА - 12/08/08)