Германија ќе ги признае новите косовски пасоши

13/08/2008

ПРИШТИНА, Косово -- Германија во вторникот (12-ти август) објави дека ќе ги признае новите пасоши што ги издава Косово. Властите таму почнаа да ги издаваат на 30-ти јули, ден кој беше опишан како „историски“ од страна на премиерот Хашим Тачи. Претходно пасоши и лични карти издаваше УНМИК. Германија е меѓу 40-те земји што ја признаа независноста на Косово.

Српскиот министер за надворешни работи, Вук Јеремиќ, е во дипломатска офанзива против тоа. Тој во вторникот објави дека Сингапур ќе ги поддржи напорите на Белград да се побара мислење на Меѓународниот суд на правдата, во врска со независноста на Косово, на седницата на Генералното собрание на ОН во Њујорк следниот месец. Сингапур и Малезија, претходни места што ги посети Јеремиќ на неговата турнеја, ја поддржуваат позицијата на Србија. (Taнјуг, Њу Косова репорт, Б92, Телеграфи - 12/08/08)