Македонија инсистира на тоа дека признавањето на малцинството не претставува закана за Грција

11/08/2008

AТИНА, Грција -- Maкедонскиот министер за надворешни работи, Антонио Милошоски, во неделата (10-ти август) го потврди барањето на својата земја за признавање на македонското малцинство во Грција. Во интервјуто за грчкиот весник „Елефтеротипија“ Милошоски рече дека признавањето на „малата етничка група“ не претставува закана за Грција, додавајќи дека македонското малцинство има право на слобода на изразувањето и зачувување на својот јазик, национален и културен идентитет. Сепак, тој додаде дека прашањето не треба да влијае на разговорите спонзорирани од ОН за спорот околу имети помеѓу двете земји. Новиот круг разговори за прашањето започнува в четврток во Њујорк. (Eлефтеротипија, ЕРТ, Катимерини, In.news - 10/08/08)