Турски новинари ранети во јужна Осетија

11/08/2008

AНКАРА, Турција -- Министерството за надворешни работи вели дека двајца турски новинари што известувале за борбите во јужна Осетија се ранети во неделата (10-ти август). Вооружените напаѓачи, наводно, отвориле оган кон возилото во кое се возеле новинарите.

Во другите вести од неделата, „Туркиш ерлајнс“ ги откажа летовите до грузиските градови Тбилиси и Батуми, од безбедносни причини. Портпаролот рече дека „авиокомпанијата ќе го следи конфликтот и ќе продолжи со редовните летови во зависност од ситуацијата“. (Сабах - 11/08/08; Хуријет, новинска агенција Доган, Тркиш прес - 10/08/08)