Бугарската влада презеде чекори за подобро управување со средствата на ЕУ

11/08/2008

СОФИЈА, Бугарија -- Владата го заврши извештајот за мерките што ги планира за подобрување на управувањето со средствата на ЕУ, објавија медиумите во неделата (10-ти август). Извештајот предвидува составување листа на луѓе, за кои е докажано дека ги прекршиле нормите на ЕУ, како и оние кои се под истрага. Покрај ова, владата ќе спроведе нови ревизии на две државни агенции -- агенцијата за патишта и агенцијата што управува со средствата во рамките на програмата ФАРЕ на ЕУ. Детален извештај за сите прекршувања и нерегуларности во управувањето со средствата на ЕУ треба да биде подготвен до 23-ти септември. Напорите следеа по извештајот минатиот месец на Европската комисија, во кој се критикува апсорбирањето од страна на Бугарија на средствата на ЕУ и функционирањето на судството и спроведувањето на правото. (БТА, БНР, Дарик - 10/08/08)