Министерот за одбрана вели дека Србија трага по Младиќ и Хаџиќ

11/08/2008

БЕЛГРАД, Србија -- Тим инспектори трагаат по последните двајца бегалци од висок профил, обвинети за воени злосторства, кои ги бара Хашкиот трибунал, изјави министерот за одбрана, Драган Шутановац, за Танјуг во неделата (10-ти август). „Луѓето кои се задолжени за пронаоѓање и апсење на поранешниот воен командант на босанските Срби, Ратко Младиќ, и поранешниот водач на хрватските Срби, Горан Хаџиќ, работат сериозно и ние очекуваме резултати, но јас не можам да кажам кога“, рече Шутановац. Минатата недела тој јавно ги повика двајцата да се предадат. (Глас јавности - 11/08/08; Taнјуг, РТС - 10/08/08)