11/08/2008
ПРИШТИНА, Косово -- ОБСЕ ги критикуваше косовските пратеници дека не ги почитуваат парламентарните регулативи и бараат придонес од владата. Во својата оценка за работата на парламентот од април до јуни, извештајот на ОБСЕ објавен во неделата (10-ти август) го критикува фактот што владините членови не учествувале на редовните седници и дека состаноците на комисиите се одржувале без потребниот кворум. ОБСЕ го повика парламентот да ги спроведува своите ингеренции и инсистира на присуство на владини членови на седниците за да одговорат на прашањата за клучните проблеми.
Во другите вести, поранешниот специјален претставник на ЕУ во Косово, Волфганг Петрич, посочува дека моделот на Брчко, во Босна и Херцеговина (БиХ), би можел да се искористи во Косово за привремено решавање на прашањето на Митровица. „Треба да има директен дијалог помеѓу Белград и Приштина. Постојат толку многу институции кои имаат легитимно право да посредуваат и да изнајдат утврдено решение“, изјави Петрич за ББС во понеделникот. (Експрес, Коха Диторе - 11/08/08; Косова Сот, Коха Диторе, Експрес, ББС - 10/08/08)