08/08/2008
ТИРАНА, Албанија -- Два истовремени протести се планирани за недела (10-ти август) во врска со признавањето на правата на оригинална сопственост во јужниот крајбрежен град Химара, објавија локалните медиуми. Една група, Здружение Брегдети, тврди дека има оригинални документи за вредниот крајбрежен имот. Другата група, предводена од градоначалникот Васил Болано, член на грчкото малцинство во Химара, ќе протестира во име на законските сопственици на имотот и правата на неговата заедница. Некои го обвинуваат за злоупотреба на позицијата за фалсификување имотни документи за лична корист. Нерешените имотни прашања и недостатокот на инфраструктура го попречуваат туризмот во Химара и околината. (Шекули, Коха Јоне, Шкип - 08/08/08)