Романија ќе ги повлече војниците од Ирак за година-две

08/08/2008

БУКУРЕШТ, Романија -- Министерот за одбрана, Теодор Мелескану, во четвртокот (7-ми август) објави дека Романија ќе започне со повлекување на своите војници од Ирак за една година или две. Тој додаде дека Букурешт сака да започне преговори за намалување на военото присуство во Ирак што е можно побргу. Една или две години ќе бидат доволно да им се овозможи на ирачките сили постепено да ги преземаат задачите поврзани со одржувањето на безбедноста. Романија има околу 600 војници во Ирак, повеќето на југ, кои оперираат под британска команда. (Евениментул зилеи, Адеварул - 08/08/08; Агерпрес, Реалитатеа ТВ - 07/08/08)