Србија издава нови биометрички пасоши

08/08/2008

БЕЛГРАД, Србија -- Властите започнаа со издавање нови биометрички пасоши за граѓаните во четвртокот (7-ми август). Вицепремиерот Божидар Ѓелиќ рече дека првите пасоши ќе им бидат издадени на оние што аплицирале до 7-ми јули. Тој додаде дека Министерството за внатрешни работи треба да воведе нови лични карти и други документи во согласност со европските стандарди до крајот на годинава, дел од напорите на Србија за исполнување на нејзините обврски на патот кон членството во ЕУ. Старите пасоши ќе важат до крајот на 2009 година, сегашните лични карти ќе важат до крајот на 2011 година. (ФоНет, Б92, Бета, РТС - 07/08/08)