08/08/2008
ПЕКИНГ, Кина -- Грција во петокот (8-ми август) упати протест до организаторите на Олимписките игри во Пекинг поради тоа што нејзиниот северен сосед се најде на листата на официјалната веб-страница на Игрите под името Македонија. Претседателот на Грчкиот олимписки комитет, Минос Кирјаку, исто така, рече дека организаторите планираат да й дозволат на земјата да влезе во Олимпискиот стадион под името Македонија за време на церемонијата на отворање во петок. Грција вели дека употребата на името Македонија имплицира територијални амбиции, бидејќи Македонија е, исто така, името на грчката северна покраина. Грчката министерка за надворешни работи, Дора Бакојани, рече дека нејзиниот сосед треба да оди под името што се користи во ОН, поранешна југословенска република Македонија. (Катимерини, In.news, Нафтемборики, АНА-МПА, А1, Дневник, Ројтерс - 08/08/08)